Повеќе скопски општини утре ќе останат без струја

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, утре без електрична енергија ќе останат делови од општините Кисела Вода, Гази Баба и Центар.

Како што соопшти РЦУК-Скопје по известување од ЕВН, од 09:00 до 13:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од ул. Саса во нас. Пинтија, во Oпштина Кисела Вода, од 09:00 до 14:30 часот, корисниците од долниот дел од с. Брњарци, во Општина Гази Баба, а од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од ул. Рилски Конгрес во Општина Центар.

По известување пак, од ЈП Водовод и канализација – Скопје, РЦУК – Скопје информира дека од утре до 13 март етапно ќе се врши чистење, дезинфекција и испирање на двете комори во резервоарот за питка вода – Драчево.

Во посочениот период од 08:00 часот до завршување со активностите ќе бидат можни кратки прекини на водоснабдувањето во нас. Драчево и дел од с. Долно Лисиче. (Општина Кисела Вода и Аеродром ).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот