Потврдени казните доживотен затвор за осудените за масакрот кај Смилковско езеро

Апелациониот суд во Скопје како неосновани ги отфрли жалбите на петтемина обвинети во случајот „Монструм“ за масакрот кај Смилковско Езеро. Со оваа одлука на Апелација уште еднаш  се потврдуваат казните за доживотен затвор на обвинетите Алил Демири, Африм Исмаиловиќ и Агим Исмаиловиќ, за кои петкратното убиство во 2012 година останува да се води и како терористички акт.

Исто така се потврдува првостепената казна и на Хаки Азири за две кривични дела Помагање на сторител по извршено кривично дело од член 365 став 2 в.в. со став 1 од КЗ, кој за две дела доби по 5 години во единствена казна од 9 години затвор. И нему му се пресметува времето поминато во притвор, па бидејќи тој е 6,5 години притворен, од затворската казна му остануваат само околу 3 години за издржување.

Второстепениот суд му ја потврди единствената казна од 15 години затвор на обвинетиот Фејзи Азири за две кривични дела Помагање на сторител по извршено кривично дело од член 365 став 3 в.в. со став 1 од КЗ. Од неа му се одбиваат 6 години кои ги помина во притвор за „Монструм“.

Апелациониот суд потврди дека шестообвинетиот Сами Љута се ослободува од обвинение.

По убиството, во Косово побегнаа Алил Демири и Африм Исмаиловиќ и досега Косово постојано одбива да ги екстрадитира во Македонија.

„Монструм“ имаше две судења, откако во 2017 година врховниот суд го врати овој случај на почеток, овојпат кај СЈО. Во повтореното судење, обвинението го застапуваше обвинителката Фатиме Фетаи.

Масакрот се случи на 12 април 2012 меѓу 19:30 и 22:30 часот. Според зборовите на судијата Огнен Ставрев се работи за монструозно садистичко убивање и одземање на животи на четири момчиња на возраст од 18 до 21 година од населбата Радишани: Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски, како и Борче Стевковски, 45 години, од селото Црешево.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот