Потрошила 60.000 евра на пластични операции: Жените велат дека им ги „крадам“ сопрузите

скриншот/Instagram

Трејси Кис е самохрана мајка и во последните 15 години направила многу пластични операции за да го добие посакуваниот изглед. Поради провокативни фотографии, другите жени ја напаѓаат и ја обвинуваат Трејси дека сака да им ги „украде“ нивните сопрузи.

Трејси досега имала четири операции на градите, бразилско кревање на задникот, операција на носот и двапати правела корекции на очите. Конечно е задоволна од својот изглед и затоа често објавува фотографии на Инстаграм, од кои многу се провокативни, а коментарите што ги добива се многу непријатни.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tracy Kiss?? (@tracykissdotcom)

Жените ме обвинуваат дека сум „одвратна порно-актерка, барбика и лоша мајка“. Многумина исто така мислат дека ги „ловам“ нивните сопрузи, но не е моја вина ако мажите ме гледаат. Работев многу на својот изглед, а дел од моите операции беа и од медицински причини – вели Трејси.

Другите мајки често ја гледаат со незадоволство кога ги носи своите деца Мили (13) и Габриела (8) на училиште.

Една жена секогаш зјапа во мене и се мршти. Не сум сигурна дали знае дека нејзиниот сопруг ми испрати порака и ме покани на пијалак. Јас го игнорирав – рекла таа.

Таа додала и дека блокирањето на додворувачите може да доведе и до навреди.

Почнуваат со покана на состанок, а кога не им одговарам, ме нарекуваат грда, одвратна и кучка. Порано тоа многу ме вознемируваше, а често и плачев. Се прашував зошто ме мразат, само затоа што добро изгледам. Сепак, денес повеќе не дозволувам такви работи да ме допрат, бидејќи знам дека сум добра личност – вели тој.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tracy Kiss?? (@tracykissdotcom)


Нејзината мисија да се промени со пластична хирургија започнала затоа што била несигурна во својот изглед во текот на тинејџерските денови.

Учениците на училиште ми зборуваа дека сум грда. Не бев една од популарните и убави девојки – се присетила Трејси.

Првата операција ја направила во 2006 година, кога на 18-годишна возраст правела корекција на градите. Помеѓу спомнатите зафати, двапати се подложила и на ласерска операција на очите со цел да ја поправи кратковидноста, а во 2018 година, со операција се ослободила и од грпката на носот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tracy Kiss?? (@tracykissdotcom)

Истата година, Трејси била и на бразилско кревање на задникот.

Освен на операциите, Трејси потрошила и вистинско мало богатство на тетоважи, ботокс, филери за усни и слично. На сите свои зафати досега потрошила 60.000 евра.

Некои луѓе одат на луксузни одмори, јас одам на операции – вели Трејси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот