Португалското дуо Кансело и Жоао Феликс на позајмица во Барса

фото: EPA-EFE/JOSE SENA GOULAO

Жоао Кансело до 30 јуни 2024 година од Манчестер сити ќе игра како позајмица во Барселона која нема да го има правото да го откупи договорот на португалскиот дефанзивец.

Кансело во четири земји успеа да стане шампион, еднаш со Бенфика во Португалија, еднаш со Јувентус во Италија, трипати со Манчестер сити во Англија и минатата сезона со Баерн Минхен (позајмица) во Германија.

Тренерот на каталонскиот гигант Чави е свесен дека Кансело може да игра на повеќе позиции, не само како десен бек. Може да игра и како лев бек, но и во средниот ред кога настапуваше за Манчестер сити.

На позајмица до 30 јуни 2024 година во Барса доаѓа и Жоао Феликс од редовите на Атлетико Мадрид, и во овој случај на Камп Ноу ќе го немаат правото за откуп на договорот на Португалецот.

Се исполни сонот на 23-годишниот Феликс да биде во дресот на Барселона, кој може да игра како напаѓач, крило и играч за врска во нападот. Со Бенфика ја освои титулата во Португалија во сезоната 2018/2019, а во 2021 година со Атлетико Мадрид се искачи на врвот во шпанската „Ла Лига“.

Неговите настапи го привлекоа вниманието на Атлетико Мадрид и тој стана најскапото засилување во историјата на клубот. Откако се приклучи во летото 2019 година, Жоао Феликс забележа повеќе од 100 настапи за клубот од шпанскиот главен град во три и пол сезони. Португалскиот репрезентативец вкуси искуство и во Англија откако му се приклучи на Челси на позајмица во втората половина од сезоната 2022/2023.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот