Поранешниот тренер на Челси и Партизан нов селектор на Замбија

Фото: EPA/KHALED ELFIQI

Поранешниот тренер на Челси, Аврам Грант ќе биде нов селектор на репрезентацијата на Замбија, потврди самиот тој.

Подолго време Грант беше без ангажман и веќе фудбалската јавност го подзаборави, сега се враќа на работа. Последниот ангажман го имаше пред четири години и тоа далеку од очите на европската јавност во прволигаш во Индија. За новиот предизвик истакна дека внимателно го избрал.

„Подолго време барав ангажман, а проектот на Замбија е нешто кое ми се допадна. Тука дојдов со надеж дека ќе ги оправдам очекувањата и ќе ги израдувам луѓето во земјата“, изјави Грант.

Покрај Челси во кариерата Грант беше тренер на Хапоел Хаифа, Макаби Хаифа, Портсмунт, Вест Хем, Партизан, додека како селектор ги водеше репрезентациите на Израел и Гана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот