Поранешниот американски претседател Бил Клинтон примен во болница

Бил Клинтон/Фото: МИА

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон во вторникот бил примен во болница во Калифорнија под сомнение за крвна инфекција, јави синоќа Си-Ен -Ен.

Си -Ен -Ен јави дека Клинтон (75) била сместен на Одделот за интензивна нега заради сомнение за инфекција на крвта.

Неговата состојба не е поврзана со неговите претходни проблеми со срцето или Ковид-19, додаде Си-Ен-Ен.

Претставници на Медицинскиот центар на Универзитетот во Калифорнија се надеваат дека поранешниот американски претседател наскоро ќе биде отпуштен од болницата, откако беше хоспитализиран поради труење со крв.

„Бројот на бели крвни клетки се намалува, добро реагира на антибиотици … Се надеваме дека наскоро ќе успееме да го пуштиме на домашно лекување”, изјави портпаролката на Клинтон, Ангел Уренија на Твитер.

Лекарите забележаа дека биле во постојан контакт со тимот лекари на Клинтон во Њујорк, особено со неговиот кардиолог, бидејќи политичарот претходно беше опериран од срце.

Си-Ен-Ен дознава дека проблемот кај Клинтон настанал откако се заразил со инфекција на уринарниот тракт, што потоа влегла во циркула.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот