Поранешната мисица Оливија Кулпо прозборе за агонијата пред да ѝ биде дијагностицирана ендометриоза

Instagram
Instagram

Некогашната „Мис Универзум“, Оливија Кулпо (28) неодамна прозборе за нејзината здравствена состојба и дека целиот процес на дијагностицирање е „фрустрирачко“ и болно искуство пред да почне самото лекување.

Instagram
Instagram

Тоа беше навистина фрустрирачко искуство, што е една од причините зашто со толкава вознемиреност зборувам за тоа… Имав дијагноза пред околу година и пол. Знаев дека нешто не во ред“, изјави таа.

Ендометриоза е состојба која се случува на околу 10% од жените. Тоа е состојба при која ткивото кое обично ја покрива матката расте или се наоѓа на други невообичаени места во телото. Најчесто, ендометриозата се наоѓа во карличниот дел. Оваа состојба може да предизвика симптоми како што се болки во карличниот дел и неплодност.

Агонијата траеше додека одев кај многу лекари, плачејќи, тресејќи се. Кога живеете со хронична болка, не знаете дали сакате да повратите или да едноставно да се склопчите и да плачете“, потресно раскажа Оливија.

Instagram
Instagram

Кулпо поминала „шест месеци“ обидувајќи се да добие дијагноза и на крај открила дека нејзината состојба е во „напредна фаза“, оставајќи ја во ситуација да мора да си ја провери плодноста и нејзините јајце клетки. Сега, младата девојка е во потрага по холистички третмани за нејзината ендометриоза.

Во моментов, се обидувам да откријам нови начини за холистичко лекување преку она што го јадам и одморот што си го давам себе си… Исто така ја истражувам акупунктура, масажи, кинески хербални лекови и се обидувам да го откажам кофеинот. Активно се обидувам да им помогнам на луѓето што живеат со ова и да не зборувам само за моето искуство“, додава Кулпо.

Instagram
Instagram

Откако прозборе за нејзината дијагноза, Оливија вели дека сака да им помогне на другите жени да бидат свесни за опасностите од ендометриозата, бидејќи не сака некој да дозволи нивната состојба да се влошува до степен да не можат да имат деца.

Сакам да се осигурам дека жените внимаваат и одат на редовни контроли, да сфатат дека ако имаат болни менструации, тоа не е нешто што влијае на нивните јајници или нивните јајце клетки“, изјави во интервју за списанието „SHAPE“.

Instagram
Instagram

Во крајна линија, самата помисла дека некој што можеби можел да преземе нешто порано, а сега не може да има деца е вознемирувачки. Тоа за мене едноставно е ужасно чувство“, сподели Оливија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот