Поранешен палестински министер загина во израелско бомбардирање во Појасот Газа

Газа / Фото EPA-EFE/MOHAMMED SABER

Поранешен министер во палестинската управа е убиен денеска во израелско бомбардирање во Појасот Газа, објави Министерството за здравство на Хамас, пренесе палестинска новинска агенција.

Јусеф Салама (68), поранешен министер за религија, почина во бегалскиот камп Магази во централниот дел на Појасот Газа, според извори на кои се повикува агенцијата Франс прес.

Салама беше близок со ривалот на Хамас, Фатах, организацијата на палестинскиот претседател Махмуд Абас, и беше министер од февруари 2005 до март 2006 година.

Тој исто така беше проповедник за време на традиционалната петочна молитва во Стариот град на Ерусалим каде се наоѓа џамијата Ал Акса.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот