Поранешен НБА кошаркар е уапсен на аеродром поради удирање на својот син

Бен Гордон беше еден од подобрите кошаркари во НБА лигата/фото: EPA/ERIK S. LESSER

Беше еден од подобрите играчи во НБА лигата, но кон крајот на професионалната кариера Бен Гордон стана поприсутен во медиумите поради приватни проблеми, а не поради кошаркарски игри.

Последниот инцидент доведе до тоа Британецот сега да биде уапсен. Поранешниот член на Чикаго, Детроит, Шарлот, Орландо е уапсен на аеродром бидејќи го удри својот 10-годишен син.

Според медиумите од Њујорк, Гордон се посрамотил додека чекал авион за Чикаго. Полицијата реагирала кога тој се качувал во авионот. Тој морал да го напушти летот, додека неговиот син бил пренесен во болница.

Гордон е приведен во полициска станица, ќе одговара за семејно насилство. Степенот на повредите на неговиот син не е соопштен. Во 2017 година, Британецот беше во медиумите за грабеж и разбојништво. Пред тоа беше и уапсен бидејќи возел автомобил со лажни регистарски таблички.

Поранешниот трет пик на драфтот забележа 14,9 поени во текот на кариерата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот