Поранешен министер во два наврати примил мито од нарко-картел во износ од пет милиони долари

Поранешниот мексикански министер за безбедност Генаро Гарсија Луна е уапсен во САД и обвинет за примање мито од нарко-картел.

Гарсија Луна е обвинет дека му овозможил на картелот Синалоа, управуван од Хоакин Ел Чапо Гусман, да работи во Мексико во замена за милиони долари, пренесува Би Би Си. Обвинителството соопшти дека Гарсија Луна гарантирал безбедност на картелот за време на испорака на дрога и пристап до чувствителни информации.

Обвинителството посочува дека во два наврати, членови на картелот му доставиле лично на Гарсија Луна сума до пет милиони долари, скриени во две акт-чанти.

Гарсија Луна (52) претходно негираше каква било злоупотреба на службената должност.
Тој го предводеше Министерството за безбедност од 2006 до 2012 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот