Поради зголеменото насилство, неколку затвори во САД забранија посети

Затвор САД/ Фото Minnesota DOC/MEGA / The Mega Agency / Profimedia

Сите федерални затвори во САД се затворени откако двајца затвореници во Тексас беа убиени во тепачка меѓу бандите. Двајца други затвореници беа сериозно повредени во насилството во високо заштитениот објект Бомонт во понеделникот, соопштија од Федералните затвори (БОП).

Канцеларијата соопшти дека мора да реагира со „доволна претпазливост“, додавајќи дека затворањето е привремена мерка. Не е вообичаена практика ваква мерка да се носи за целиот федерален затворски систем. Повеќето американски затвори ги држат поединечни држави, а не федералната влада. Федералната влада управува со 134 објекти во кои се сместени 150.000 затвореници низ Соединетите држави.

Кога затворите се дополнително блокирани, како што е моментално, ова обично вклучува затворање на затворениците во ќелии со ограничен пристап до посетителите. Канцеларијата во соопштението наведе дека нема да даде повеќе детали за својата одлука од „безбедносни причини“, додавајќи  дека мерката ќе биде „краткотрајна“. Насилството во институтот Бомонт во Тексас, наводно, вклучувало членови на уличната банда МС-13, насилна група основана во Лос Анџелес, која има свои корени во Ел Салвадор. Тепачката покрена загриженост за одмаздничкото насилство што се закануваше да се прошири во другите затвори и да ескалира во раширени судири на банди, објави АП.

Се верува дека мексиканската мафија има околу 300 членови во затворскиот систем Бомонт. Според ФБИ, бандата се состои од сегашни и поранешни осуденици кои заземаат моќни позиции во објектите, нудат заштита и продаваат дрога. Бандата МС-13, основана од имигранти кои бегаат од долгата и брутална граѓанска војна во Ел Салвадор, е позната по екстремно насилство. ФБИ проценува дека групата има околу 10.000 членови во САД, што ја прави една од најголемите криминални групи во земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот