Поради учество на протестите, 400 Иранци осудени на затворски казни

протести Иран EPA-EFE/STR

Во главниот град на Иран, Техеран, осудени се 400 демонстранти на затворски казни поради масовните протести предизвикани од смртта на една млада жена во полициски притвор, изјави денеска главниот градски обвинител.

„Во Техеран 160 лица се осудени на казни меѓу пет и десет години затвор, 80 лица на две до пет години и 160 лица на две години затвор, рече Али Алгаси-Мехр“, пренесе новинската агенција ИРНА.

Функционер од иранското правосудство изјави дека и 70 други лица биле казнети за учество во протестите.

Иран се соочува со сериозни протести од средината на септември, откако 22-годишната Махса Амини, беше приведена од полицијата за морал поради наводно кршење на исламскиот кодекс на облекување, а три дена подоцна почина од нанесените повреди во притворот.

Агенцијата Анадолија соопшти дека иранските власти само неделава егзекутираа двајца мажи поради нивната вмешаност во повеќемесечните протести, а уште девет други лица се осудени на смрт и чекаат на егзекуција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот