Поради сомневање за партиски вработувања: Приведен претседателот на општина Улцињ

Фото: vijesti.me

Пет лица се приведени на сослушување, меѓу кои и претседателот на Општина Улцињ, Љоро Нрекиќ, по налог на Основното државно обвинителство во градот, потврдиле извори за агенцијата Бета. Нрекиќ бил приведен под сомнение за партиски вработувања.

Освен Нрекиќ, на сослушување се и Сеад Османовиќ, секретар на Секретаријатот за финансии на Општина Улцињ, Мустафа Горана, секретар на Секретаријатот за комунални активности и заштита на животната средина, Саубих Мехмети, директор на Службата за заштита и спасување и Милазим Мустафа, секретар на комуналната полиција и поранешен претседател на Собранието на Општина Улцињ.

Во изјава од февруари во минатата година, кога беа објавени информациите за партиски вработувања, Нрекиќ не негираше дека некои вработени биле членови на ДПС, но тој беше категоричен дека единствениот критериум за вработување била стручноста на поединците.

Во меѓувреме, црногорскиот вицепремиер Дритан Абазовиќ изјави дека Нрекиќ е уапсен и ја објави на Твитер веста објавена од подгорички „Вијести”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот