Поради пластичните операции актерката не личи на себе, а има само 33 години! (ФОТО)

Фотографија: Profimedia

Актерката и пејачката Линзи Лохан, беше млада перспективна ѕвезда, но според начинот на живот кој таа го одбра, пропушти многу шанси и доживеа многу помала слава и успех од оној што ѝ се насмевнуваше.

Profimedia

На самиот врв од славата, Линзи не им одолеа на журките, алкохолот и дрогата, но ниту на дружењето со Парис Хилтон и Бритни Спирс кои и самите се познати по скандали.

Наместо да поминува време во студијата или на сетовите од филмовите, Линзи излегуваше постојано во ноќните клубови, а папараците беа сведоци на сите нејзини многубројни лоши испади.

Profimedia

Холивуд започна да ѝ го „врти грбот“ на младата актерка, бидејќи стана неверодостојна и склона кон скандали (беше приведна повеќе од 20 пати, а дури 3 пати беше во клиниките за рехабилитација), а потоа започна да се занимава со водење на ресторан на грчкиот остров Миконос, снимање ријалити програми, но ниту таму немаше премногу среќа.

Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот