Поради обложување, еден од најдобрите напаѓачи во Премиерлигата суспендиран на осум месеци

фото: EPA-EFE/Peter Powell

Еден од најдобрите напаѓачи во Премиер лигата, Ајван Тони (27) е суспендиран на осум месеци поради прекршување на правилата за обложување. Одличниот напаѓач на Брентфорд нема да биде на теренот до 16 јануари следната година.

Тој моментно на листата најдобри стрелци во најквалитетната англиска фудбалска лига сезонава е на третото место со 20 голови, зад Ерлинг Халанд (36) и Хари Кејн (27).

Покрај суспезијата, Тони е казнет и со 50.000 илјади фунти за прекршување на правилата за обложување на Фудбалската асоцијација. Беше обвинет во ноември за прекршување на правилата за обложување кои им забрануваат на играчите да се обложуваат на исходот од натпреварите во Англија, а тоа го направи во 232 наврати помеѓу 25 февруари 2017 и 23 јануари 2021 година.

Тони на рочиштето призна поголем дел од обвинувањата, а на крајот регулаторната агенција која го слушна фудбалерот немаше милост и денеска донесе одлука жестоко да го казни фудбалерот на Брентфорд.

– Санкциите беа наметнати од независна регулаторна комисија по сослушувањето. Нему му беше дозволено да се врати на тренинзите во последните четири месеци од неговата суспензија, почнувајќи од 17 септември 2023 година. Причините за суспензијата што ја изрече комисијата ќе бидат објавени подоцна, а Фудбалската асоцијација сојуз ќе се произнесе за исходот откако ќе ги разгледа – соопшти ФА.

Тони на тој начин можеби пропушти да направи сериозен трансфер летово бидејќи за него интерес покажаа најголемите англиски клубови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот