Попладнево регистриран земјотрес на грчкиот остров Закинтос – Слободен печат
ВестиРегион

Попладнево регистриран земјотрес на грчкиот остров Закинтос

Никој не е повреден, ниту пак е причинета материјална штета.

Земјотрес со јачина од 4,2 степени го погоди попладнево грчкиот остров Закинтос во Јонското море.

Никој не е повреден, ниту пак е причинета материјална штета, пренесе грчката новинска агенција „АНА“.

Епицентарот на земјотресот бил на 63 километри од градот Закинтос, на длабочина од пет километри.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close