Помпео: САД работи на ослободувањето на заробените талибанци од страна на авганистанските власти

Фото: EPA-EFE/SHAWN THEW

Изјавата на Помпео се однесува на односот на Вашингтон кон вчера изразениот став на претседателот Ашраф Гани за тоа дека авганистанските власти немаат обрска да ги ослободат заробените талибанци.

САД работат на ослободувањето на околу 5.000 заробени талибанци од страна на авганистанските власти, изјави американскиот државен секретар, Мајк Помпео, во интервју за „Фокс њуз” .

Изјавата на Помпео се однесува на односот на Вашингтон кон вчера изразениот став на претседателот Ашраф Гани за тоа дека авганистанските власти немаат обрска да ги ослободат заробените талибанци.

Според „1TВ”, авганистанскиот лидер, исто така, кажа дека нема случен договор со американската страна за ослободување на талибанците, подвлекувајќи дека САД немаат надлежност да преземаат вакви договори.

Помпео од своја страна кажа дека тешкотиите при обидите да се „нарушат утврдените навики никого не треба да изненадуваат”.

-Ако го погледнете договорот (меѓу САД и талибанците), тој содржи одредба за размена на затвореници, тој се однесува на преговорите со сите страни, учесници во постигнувањето на договорот за ова  прашање”, подвлече Помпео.

Помпео забележа дека американските експерти работат на примената на оваа клаузула од мировниот договор, што, според него, е „важен чекор за изградба на довербата”.

На 29 февруари во Доха беше потпишан мировен договор меѓу САД и авганистанските талибанци. Според договорот, на 10 март треба да почнат преговорите меѓу владата во Кабул и талибанците. Учесниците ќе го разгледаат времето и условите за постигнување на постојан и сеопфатен прекин на огнот и идниот политички акциски план за Авганистан.

Като дел од мерките за изградба на довербата, околу 5.000 членови на талибанците и илјада заробеници на групата треба да бидат ослободени до моментот на почетокот на преговорите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот