Помпео пробува да избегне истрага за оставка

Фото: EPA-EFE/SHAWN THEW

Државниот секретар Мајк Помпео пробува да избегне истрага за оставка. Доведена е во прашање неговата улога во процесот за уценување на Украинската воена помош.

Помпео истрагата за оставката, фокусирана на неговата поврзаност со американската воена помош и истрагата за демократскиот противник на Трамп, Бајден, ја прокоментира како недостојна за негово внимание. АП констатира дека Помпео можеби нема да може многу долго да ја држи таа рамнодушност, бидејќи веќе три дипломати треба да сведочат во јавност пред Конгресот.

Ова ќе го тргне вниманието на улогата на Помпео во целиот процес, додека САД се соочува со неколку политички предизвици, а тој претендира на кандидатурата за Сенатот од неговата матична држава Канзас за 2020 година, наведува агенцијата. Истрагата за оставка е фокусирана на обидите на личниот адвокат на Трамп, Руди Џулијани да ги искористи американските дипломати за притисок на украинската влада да го истражи поставувањето на синот на бившиот потпретседател Џо Бајден во управниот одбор на гасната компанија, наведува Агенцијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот