Полскиот Сејм ги изгласа реформите во судството, уште потписот на Дуда е пречка до 35,4 милијарди евра од фондовите на ЕУ

Полски Парламент/ Фото EPA-EFE/PAWEL SUPERNAK POLAND OUT

Пратениците од Доллниот дом на полскиот Парламент, денеска го поддржаа нацрт-законот за реформи во правосудството, со кој на Полска ќе и се овозможи пристап до милијарди евра од фондовите на Европската унија.

Нацрт-законот беше поддржан од мнозинството од владејачката партија Право и правда (ПиС), додека помалиот коалициски партнер, националистичката Солидарност Полска (СП) гласаше против, сметајќи дека предложените измени „го поткопуваат суверенитетот на Полска”.

Повеќето пратеници од опозицијата се воздржаа од гласање.

Полскиот Сенат, каде опозицијата има тесно мнозинство, најверојатно ќе ги усвои амандманите отфрлени од Долниот дом на парламентот, но во тој случај ПиС најверојатно ќе ги отфрли амандманите и ќе ја испрати оригиналната верзија назад во Сенатот.

На крајот од патот стои претседателот на Полска, Анджеј Дуда, чиј потпис е неопходен за овој предлог-закон да стане закон.

Дуда најави дека нема да прифати никаква промена што ќе го доведе во прашање легитимитетот на судиите, па можно е да стави вето на предлог-законот или да го проследи на разгледување до Уставниот суд.

Поддржувачите на предложениот закон посочуваат дека на Полска и се потребни 35,4 милијарди евра од Националниот план на ЕУ за реконструкција по пандемијата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот