Полска најави правни активности против Фајзер за недоставување на сите вакцини

Фајзер/ Фото: EPA

Полска би можела да преземе правни активности против американската фармацевтска компанија „Фајзер”, бидејќи не се доставени сите договорени количини вакцини против коронавирусот, изјави денеска портпаролот на полската Влада, Пјотр Милер.

Тој за полското Радио еден изјави дека најверојатно ќе се преземат правни активности доколку не бидат доставени сите нарачани дози.

„Фајзер” и германската компанија „БиоНТек”, кои заеднички ја развиваат вакцината против Ковид-19, ги намалија испораките на вакцини во земјите на ЕУ сè додека не се зголемат производните капацитети.

Во Полска во понеделникот беа испорачани 176.000 дози вакцини на „Фајзер”, 50 проценти помалку од договорената количина, а полскиот министер за здравство Адам Ниџилски најави дека преостанатите дози ќе бидат испорачани до средината на февруари.

Италија исто така најави правни активности против компанијата.

Извор.МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот