Полска ја обвини Русија за голем кибер напад врз Владата

Сајбер напад / Фото: МИА

 „Голем” кибер напад, насочен кон високи полски политичари на почетокот на оваа година, е извршен од страна на Русија, изјави Јарослав Качински, лидерот на владејачката десничарска партија во Полска.

– Анализата на нашите служби и тајните служби на нашите сојузници ни овозможува недвосмислено да кажеме дека кибер нападот е извршен од територијата на Руската Федерација. Неговиот обем е огромен, истакна Качински, додавајќи дека се засегнати „високи министри”.

Шефот на владејачката Право и правда и вицепремиер одговорен за безбедносниот блок изјави дека „високи полски функционери, министри и пратеници од различни политички сили биле мета на кибер нападот”.

Во вторникот, полските власти соопштија дека земјата била подложена на голем кибер напад. Премиерот Матеуш Моравецки свика затворена седница.

Пред неколку дена, шефот на кабинетот на премиерот на Полска, Михал Дворчик потврди дека е извршен хакерски напад на неговата електронска пошта. Голем број медиуми објавија дека како резултат на хакирање, напаѓачите добиле пристап до класифицирани документи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот