Полска и Чешка ги прошируваат граничните контроли кон Словачка поради мигрантите

Фото: Wojtek Jargilo - EPA-EFE

Полска и Чешка ќе ги продолжат привремените контроли на нивните граници со Словачка до ноември, бидејќи земјите се обидуваат да го ограничат протокот на илегални мигранти.

Полскиот министер за внатрешни работи Мариуш Камински за новинската агенција ПАП изјави дека владата ќе ги продолжи контролите до 2 ноември, по слична одлука на чешката влада во средата навечер.

Двете земји, заедно со Австрија, го зајакнаа надзорот на нивните граници со Словачка на 4 октомври за да се заштитат од криумчарите и порастот на илегалните мигранти.

„Има добри резултати, има јасни ефекти“, рече Камински.

Словачка е транзитна земја за мигранти, претежно од Блискиот Исток и Авганистан, кои се обидуваат да стигнат до Германија откако преку Унгарија преминуваат во Европската унија преку Унгарија од Србија, која не е во ЕУ.

Вчера Словачка ги продолжи сопствените гранични контроли со Унгарија до 3 ноември. Бројот на мигранти кои влегле во Словачка се зголемил единаесет пати на речиси 40.000 оваа година, покажуваат владините податоци.

Минатиот месец и Германија воведе контрола на своите граници. Полска, Словачка, Чешка, Унгарија, Австрија и Германија се дел од отворената Шенген зона на ЕУ.

Прашањето за илегалната миграција беше истакнато во предизборната кампања во Централна Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот