„Политико“: Европската комисија подготвува тужба против „АстраЗенека”

На вчерашниот амбасадорски состанок повеќето земји-членки на ЕУ изјавиле дека ќе ја поддржат тужбата против компанијата во врска со поплаките дека не ги испорача  договорените дози од вакцината против коронавирусот до Европската унија.

Европската комисија се подготвува да поднесе тужба против „АстраЗенека”, соопшти „Политико”, цитирајќи пет неименувани дипломати на Европската унија.

На вчерашниот амбасадорски состанок повеќето земји-членки на ЕУ изјавиле дека ќе ја поддржат тужбата против компанијата во врска со поплаките дека не ги испорача  договорените дози од вакцината против коронавирусот до Европската унија.

Судската постапка има за цел да ја принуди „АстраЗенека” да ги обезбеди дозите предвидени во договорот со ЕУ, се додава во информацијата што цитира неименуван дипломат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот