„Полифонија“ ќе изведе македонски шлагери на „Скопско лето“

Уметничкиот центар „Полифонија“ најави два концерти со несекојдневна програма во рамки на манифестацијата „Скопско лето“. Проектите на „Полифонија“ истовремено промовираат нов урбан амфитеатар на отворено, кај позадинскиот влез на „Ист Гејт мол“ во Скопје.

Така, на 21 јули (четврток), со почеток во 21 часот, на платото на „Ист Гејт мол“ ќе се одржи концертот „Македонски шлагери – стари песни – нови ѕвезди“.

– Концертот е топол осврт кон фестивалскиот феномен на нашата држава и на градската култура како урбано културно наследство и форма која ги обединува генерациите. Оркестарот на „Полифонија“, составен од 30-ина врвни стари и млади македонски музички уметници под диригентското раководство на маестро Иван Еминовиќ, уметничкиот координатор Сања Шуплевска и продуцентот Орце Ицковски, ќе претстави репертоар на легендарни мелодии – истакнуваат од „Полифонија“.

Како гости на концертот ќе настапат Сашо Гигов – Гиш, Давор Јордановски, Ристо Самарџиев, Андријана Јаневска, Горан Папаз, како и младите надежни вокалисти Мила Николовска, Теа Пејиќ, Васил Ангелов и Денис Димовски.

Следниот концертен настан на „Полифонија“ ќе биде изведен на затворањето на „Скопско лето“ на 30 јули, кога џез-вокалистот Ори Даган од Торонто, Канада, ќе го промовира својот нов албум и ќе настапи со неколку врвни македонски џез-музичари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот