Полицијата казнува, возачите упорно прават прекршоци – вчера 91 казна

Полиција сообраќај
Сообраќајна полиција /Фото: МИА
МВР информира дека и вчера продолжиле со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје е изречена вкупно 91 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 30 казни, шест санкции за возење без возачка дозвола, а две за технички неисправни и нерегистрирани возила.
Изречени се две санкции за користење мобилен телефон, четири за некористење сигурносен појас и 31 за непрописно паркирани возила.
– Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта – велат од полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот