Полицаец во Австралија дави девојка на улица бидејќи не носи маска (ВИДЕО)

Полицајци од австралиската сојузна држава Викторија се под истрага поради насилно постапување со жена која не носела маска.

Инцидентот е снимен како полицаецот ја фаќа девојката за врат и ја турка до ѕид, а таа вика „Ме давите”. Потоа девојката е турната на земја.

На снимката се гледа како и незјиниот парнер, кој го снимаше инцидентот им кажува на полицајците дека 21-годишната девојка е ослободена од обврската да носи заштитна маска од медицински причини.

– Јасно ми е дека сите мора да носат маски, но некои граѓани се ослободени од таквата обврска. Начинот на кој ни пријдоа беше застрашувачки. Тие би требало да не штитат. Не се чувствувам заштитетено, изјави парнерот на нападната девојка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот