Полицијата спречи планиран напад на универзитетот во Лисабон

Португалска полиција/ Фото EPA-EFE/PAULO NOVAIS

Португалската агенција за криминални истраги (ПЈ) соопшти дека уапсила 18-годишен маж кој, наводно, составил детален, писмен план за организирање насилен напад врз студенти во универзитетскиот кампус во Лисабон, пренесува Ројтерс.

ПЈ не го идентификуваше осомничениот, кој според локалните медиуми е Португалец. Во соопштението, агенцијата наведува дека тој поседувал нелегално оружје, како и други предмети што можеле да се искористат за извршување на нападот.

„Осомничениот, кој беше уапсен поради поседување оружје, беше обвинет и за кривично дело тероризам“, се вели во соопштението.

Полицијата соопшти дека целта на осомничениот биле студентите на Факултетот за науки на Универзитетот во Лисабон, најголемиот универзитет во земјата.

Осомничениот се надеваше дека ќе го изврши нападот во петокот, но ПЈ соопштија дека успеале да го спречат пред да продолжи со планот.

„Со оглед на сериозноста на сомневањата, најголем приоритет и беше даден на истрагата, која му овозможи на (ПЈ) да ја запре криминалната активност во раните утрински часови денеска“, се вели во соопштението, додавајќи дека тој ќе се појави пред судија во петок.

Португалија е рангирана на четвртата најмирна земја во светот според Глобалниот индекс на мирот, а нападите од овој вид се исклучително ретки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот