Пол позицијата за шампионот, Хамилтон најдобар на дождливите квалификации

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон ќе стартува од пол позицијата на утрешната трка за Големата награда на Штаерска, која ќе се вози на Ред Бул ринг.

Шесткратниот формула 1 шамион најдобро се снајде на дождливата патека на Ред бул ринг и дојде до 90. пол позиција во кариерата. Најбрзиот круг на Хамилтон беше за повеќе од една секунда побрз од второпласираниот Макс Ферстапен од Ред Бул, а третото најбрзо време го имаше Карлос Саинс од Мекларен.

Денешните квалификации беа под знак прашалник поради лошите временски услови во Шпилберг, речиси два дена врне силен дожд поради што утринскиот тренинг беше одложен. Но, со задоцнување од нешто помалку од еден час, возачите добија зелено светло и Хамилтон ја покажа својата класа во однос на конкуренцијата.

Хамилтон до полпозицијата дојде со најбрзиот круг кој изнесуваше 1:19.273 минути, што беше за 1.216 секунди побрзо од Ферстапен. Од вториот ред на утрешната трка ќе стартуваат Карлос Саинс од Мекларен и победникот од првата трка сезонава, Валтери Ботас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот