ПОГРЕБАНИ МОРНАРИТЕ КОИ ЗАГИНАА ВО НУКЛЕАРНАТА ПОДМОРНИЦА: Кремљ забрани пристап за новинарите

фото: ЕПА

Под силно обезбедување, далеку од медиумите, во Санкт Петербург се погребани 14-те руски морнари, кои загинаа во пожар во нуклеарната подморница на Арктикот.

Со строги мерки на безбедност вчера во Санкт Петербург беа погребани 14 руски морнари, кои загинаа во пожарот на подморницата во Баренцовото Море.

Фото:ЕПА

Воена полиција ја чуваше вратата пред грбиштата Серафимовское, каде можеа да влезат само најблиските роднини на морнарите и нивните колеги и команданти.

Сите 14 морнари беа посмртно одликувани од претседателот Путин , а четворица од нив со чин капетан го добија највисокот одликување – Јунак на Руската Федерација.

Русија до сега не објави детали за причините за пожарот на нуклеарната подморница и дали имало друга опасност или оштетување на подморницата што би предизвикало радијација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот