Русите ја соопштија причината за пожарот во подморницата во кој загинаа 14 морнари

Фото Архива

Руските власти соопштија дека главната причина за неодамнешниот смртоносен инцидент во подморницата е пожар во батерискиот оддел, објави Би-би-си.

Четиринаесет членови на екипажот се задушија од гас, а подморницата моментално се наоѓа во Североморск, главната база на Руската северна флота.

Весникот „Rossiyskaya Gazeta“ пишува дека се работи за подморница која ги истражувала морските длабочини во близина на Арктикот.

„Главната причина е позната – се запалил одделот со батерии, по што огнот се проширил и во други сектори“, рече министерот за одбрана Сергеј Шојгу на состанокот со Владимир Путин.

Тој додаде дека нуклеарната единица била целосно изолирана бидејќи екипажот максимално се погрижил да ја заштити и таа и натаму е функционална. Исто така Шојгу изразил надеж дека подморницата и натаму ќе може да се користи.

Министерот истакнал дека пожарот избувнал во руски територијални води.

Во меѓувреме, познати се имињата на сите 14 жртви, а меѓу нив се и седуммина капетани од прв ред.

Припаѓале на единица со база во Петергоф, област во Санкт Петербург.

Според министерството, неколку членови на екипажот преживеале и моментално се опоравуваат, но нивниот број не се соопштува.

Североморск исто така беше база на нуклеарната подморница „Курск“ која потона во 2000 година, при што загинаа сите членови на екипажот, вкупно 118 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот