Погледнете каква порака им испратија хакерите на тајм.мк (ФОТО)
Најголемиот македонски агрегатор на вести тајм.мк вечерва е под хакерски напад, а откако страната беше недостапна речиси целата вечер сега на страната се покажува оваа слика:
Како што може да се види на сликата има „анонимус“ со сонцето на Вергина на маската, а во текстот се напаѓаат граѓаните, како и денешните избори.
Игор Трајковски од time.mk на неговиот твитер-профил сподели агрегаторот е под тежок т.н DDOS напад.
Досега cloudflare блокираше 3М ip адреси. Уште нови се појавуваат. Ваков DDOS до сега не сме имале. Некој фрлил многу пари да го прави ова.
— Igor Trajkovski (@mkrobot) July 15, 2020
Претходно на прес конференција, претседателот на ДИК, Оливер Дерковски на прес-конференција соопшти дека сајтот на ДИК можеби е мета на надворешен напад.
Дерковски: Обид за надворешен напад на сајтот на ДИК, мртва трка меѓу политичките конкуренти