ПОЕТСКИ ПРЕПЕВ: „Крстна коска“на Наташа Сарџоска излезе во Италија

Поетската книга „Крстна коска“ на Наташа Сарџоска, преведена на италијански јазик, е објавена од „Интерно поезија“ од Милано, една од најпрестижните издавачки куќи за поезија во Италија. Стихозбирката ќе биде промовирана на саемот за книга во Милано во април 2020, како и најголемиот саем за книга во Италија во Торино во мај 2020.

Италијанската промоција ќе се одржи на 14 март, во Националната библиотека во Рим, заедно до италијанскиот поет Лука Бенаси и гитаристот Франко Тоде.

Кај нас, стихозбирката „Крстна коска“ имаше промотивни настани во МКЦ, во библиотеката „Браќа Миладиновци“ во Скопје и во галеријата „365“ во Охрид минатата година. За неа говореа проф. Димитар Пандев и проф. Владимир Мартиновски. Оваа книга влезе и во потесен избор за наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата во 2019 година.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 20, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 29 февруари – 1 март 2020 година)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот