Поетската ноќ во Велестово успешно ја продолжи својата традиција

Фотографија: Диме Данов

Со интернационалното поетско читање „Поезија – Залез“ што на 21 август се одржа во тремот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во с. Велестово, заврши 34. издание на „Поетската ноќ во Велестово“.

Манифестацијата започна во петокот со поетски портрет на Лидија Димковска и изложба на Никола Пијанманов. Музички настап имаше Горан Папаз, настанот го модерираше Марина Димовска, а беседа за творештвото на Димковска одржа Сашо Огненовски.

На трите фестивалски дена, се одржаа повеќе поетски читања на кои учествува и поетите Ким Симонсен (Фарски Острови), Алеш Мустар (Словенија), Мањола Наси (Албанија), Селахатин Јолгиден (Турција), Валентина Бакти (Србија), Диме Данов, Ана Голејшка Џикова, Зоран Јакимоски и Јулијана Величковска од Македонија.

Лидија Димковска / Фотографија: Диме Данов

Во рамки на фестивалот се одржа и работилница за кретивно пишување и иновативно интерпретирање поезија со учество на млади од Охрид и регионот, како и ученици од охридската гимназија „Св. Климент Охридски“, во рамки на проектот „OH READ ‒ Поетски викенд и работилница за млади од регионот“ поддржан од програмата на РЕАД (Регионална Мрежа за Културна Разновидност) и Европската Унија.

Фотографија: Диме Данов

Манифестацијата беше помогната и од Министерството за култура, од Општина Охрид, од Комерцијална банка АД Скопје и други спонзори и пријатели на манифестацијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот