Податоците за квалитетот на воздухот во Охрид достапни за јавноста

Охридско Езеро. / Фото: Слободен печат/Драган Митровски

Согласно предвидените активности, во Охрид се следат пет еколошки и три метеоролошки параметри за квалитетот на воздухот.

Податоците за квалитетот на воздухот во Охрид веќе се достапни за јавноста. Согласно проектот „ AIRTHINGS” што се спроведува со поддршка на ЕУ, низ Охрид веќе се поставени 11 станични сензори, додека три ќе бидат поставени после новогодишните празници.

Согласно предвидените активности, во Охрид се следат пет еколошки и три метеоролошки параметри за квалитетот на воздухот.

Инаку, во рамки на платформата веќе стартуваа сензорите поставени во Софија, а до март наредната година ќе бидат пуштени и станичните сензори во Солун, Никозија и Тирана.

Податоците служат за потреби на проектните активности и истите не може да се превземаат ниту толкуваат за времетраењето на проектот без дозвола на Државен инспекторат за животна средина и Општина Охрид. Оваа платформа не е дел од Државната мониторинг мрежа на МЖСПП ниту дел од било која друга мрежа, истата е самостојна и креирана во рамки на проектот „AIRTHINGS”. Интернет-страницата на проектот е https:// airthings-project.com/ каде со лев клик на мапата на Охрид можат да се најдатг податоците за квалитетот на амбиентниот воздух.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот