Почна кампањата за претседателските избори

Претседателски кандидати Фото: Колаж/ Слободен печат

На полноќ започна кампањата за претседателските избори, закажани за 24 април. Во трката за претседателското столче има седум кандидати, кои го собраа потребниот број на потписи од граѓани или од пратеници.

На гласачкото ливче за претседателски избори под број еден е кандидатот на СДСМ – Стево Пендаровски. Број два е кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ-Гордана Силјановска-Давкова, број три е кандидатот на ГРОМ – Стевчо Јакимовски. Под број четири е кандидатот на ДУИ, Бујар Османи, под број пет е Билјана Ванковска-Цветковска, кандидат на Левица. Под број шест е Арбен Таравари од Алијанса за Албанците и под број седум е кандидатот на ЗНАМ – Максим Димитриевски.

На 24 април е првиот круг од изборите. Досега само првиот претседател Киро Глигоров победи во првиот круг кога доби повеќе од 50 отсто поддршка од запишаните гласачи во Избирачкиот список, а во сите наредни избори на шеф на државата по двајца кандидати со најмногу гласови се бореа во вториот круг, за кој е неопходен цензус од 40 отсто. Се очекува на 8 мај, за кога се закажани и вториот круг од претседателските, но и парламентарните избори, граѓаните да селектираат двајца кандидати од кои ќе биде избран шефот на државата кој ќе го служи седмиот претседателски мандат.

На првиот ден од кампањата некои од кандидтите најавија промовирање и презентирање на изборната програма и отворање на изборни штабови.

Во Скопје денеска ќе биде промовиран Изборниот штаб на кандидатот за претседател на СДСМ и Коалицијата Стево Пендаровски.

Вечер во 20 часот изборниот караван на Пендаровски ќе има централен митинг во Прилеп. Кандидатот за претседател Пендаровски ќе ги посети општините Кривогаштани и Крушево.

Кандидатот за претседател на државата од Движењето ЗНАМ-За наша Македонија, Максим Димитриевски кампањата ја почнува од Крушево каде во 13 часот каде ќе ја презентира програмата под наслов „Манифест за Македонија“.

Претседателскиот кандидат на Левица, пак, Билјана Ванковска, ќе ја презентира изборната програма на прес-конференција.

Во Струмица вечер, Ванковска, заедно со лидерот на Левица и носител на ИЕ 1, Димитар Апасиев, и носителот на ИЕ 4, Сашко Јанчев ќе се обратат во Домот на културата „Антон Панов“.

Кандидатот за претседател предложен од ДУИ, Бујар Османи изборната кампања ќе ја започне со прес-конференција во 11:00 часот пред претседателската вила на Водно.

Устав ќе менувале, а одвај амбасадор можат да сменат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот