Починала по естетска операција: Докторот ќе биде обвинет за обид за убиство

Фото: Pexels

Семејството го обвинува докторот за нејзината смрт, сопругот тврди дека тој работел под дејство на алкохол и психоактивни супстанции.

Јасмина Флорес (31) починала во неделата, откако била подложена на естетска операција кај докторот Роберт Лопез. Требаше да ѝ изврши липосукција, а сега семејството на младата жена го обвинува дека е одговорен за нејзината смрт бидејќи, според наводите, работел под дејство на алкохол и психоактивни супстанции, пренесува аргентинскиот портал „Минуто уно“.

Сопругот на Јасмина, Лукас Гонзалес, вели дека има сведок кој го видел Лопез „пијан и дрогиран“, а кој е подготвен да сведочи.

Неговата сопруга, од друга страна, не била единствената жртва, бидејќи друга жена, исто така, починала откако била подложена на истата постапка кај овој лекар.

Јасмина сакала да направи липосукција по бременоста, го нашла д -р Лопез преку препораки и го контактирала на социјалната мрежа „Инстаграм“.

Целиот текст прочитајте го ТУКА.

Извор: Еспресо.мк

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот