Почина славниот пијанист Џорџ Винстон, ја загуби битката со ракот

Фото: Принтскрин/Твитер

Џорџ Винстон, познатиот соло-пијанист кој има продадено повеќе од 15 милиони албуми во неговата кариера, почина викендов, на 4 јуни, на 73-годишна возраст.  Тажната вест за смртта на пијанистот е објавена вчера.

Објавата дојде преку неговите социјални медиуми и веб-страница каде се наведува дека тој „безболно го напуштил овој свет додека спиел“ по една деценија долга битка со ракот.


Винстон се борел со ракот 10 години, а во 2013 година бил подложен на трансплантација на коскена срж.

Винстон е еден од најпродаваните инструментални пијанисти во светот за време на неговиот најславен период во 1980-тите и 90-тите години.

Во целата негова кариера, Винстон наоѓаше начини да ги помести границите. Негови можеби најпознати дела се „Peanuts“ на оригиналниот композитор Винс Гваралди, нумерата „The Velveteen Rabbit“, па целосниот албум во чест на рок-групата „Дорс“ „Night Divides the Day“ објавен 2002 година, „Montana: A Love Story“, што вклучуваше и изведби на песни од Френк Запа и Сем Кук, како и последната компилација „Restless Wind“ од 2019 година, со мелодиите на Џорџ Гершвин и Стивен Стилс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот