Почина раперот Гру

Славниот српски рапер Далибор Андонов загина денес во 15.20 часот.

Тој настрадал на кајтинг во Наутичкиот клуб Земун, откако паднал во вода, потврдено е за Телеграф.рс.

Него пријателите го извлекле од вода, повикана била Брза помош, но лекарите констатирале смрт.

Тој во кајтинг бил многу искусен и скоро цела летна сезона ја минал на Ада Бојана.

Далибор Андонов е роден на 8 март 1973 година во Димитровград од каде се преселил во Панчево, а потоа во Белград.

Токму во Белград завршил машинско училиште, но набрзо сфатил дека неговата судбина е да пее. Со музика почнал да се занимава по средното школо.

Со песната „Ќе бидам тука“ стана најпопуларен рапер во 1996 година. Татко е на двајца синови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот