Почина Гејл Ханикат, позната по улогите во сериите „Dallas“ и „The Adventures of Sherlock Holmes“

Фото: Keystone Pictures USA / Zuma Press / Profimedia

Актерката Гејл Ханикат почина на 80-годишна возраст, а причината за смртта сè уште не е откриена, пишува „Дејли мејл“.

Гејл беше позната по тоа што ја играше улогата на Ванеса Бомонт во серијата „Dallas“, од 1981 до 1991 година, и улогата на Ајрин Адлер во „The Adventures of Sherlock Holmes“ во 1984 година.

Актерката родена во Тексас се преселила во Британија, а нејзината богата листа на ТВ улоги ги вклучува сериите  „Fall of Eagles“, „The Golden Bowl“ и „The Return of the Saint“.

Таа зад себе ги остави двата сина Едвард и актерот Нолан, од серијата „Band Of Brothers“, како и петте внуци Попи, Тео, Оскар, Даш и Ниа.

Инаку, Гејл пораснала во „типичен американски дом во предградието“ во Форт Ворт. Таа е единствено дете на Сем, кој служел војска во Јужниот Пацифик за време на Втората светска војна, и нејзината мајка Вирџинија.

Иако сакала да биде актерка од петгодишна возраст, родителите на Гејл, исто така, оставиле голем акцент на нејзините академски достигнувања и таа добила стипендија на Универзитетот во Калифорнија, Лос Анџелес, каде студирала англиска литература и театар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот