Почина Милош Стојисављевиќ Цајгер, басистот на „Зана“ и „Генерација 5“, по тешко боледување

Фото: Принтскрин / Јутјуб / „Генерација 5“

По тешко боледување,на 64-годишна возраст, почина басистот Милош Стојисављевиќ Цајгер, кој свиреше во култните групи „Зана“ и „Генерација 5“.

Цајгер беше музички активен од седумдесеттите години на минатиот век, а во последните години од животот ја намалил музиката, па бил фокусиран на претприемаштвото како директор на компанијата „Књаз Милош“.


Прекарот Цајгер го доби поради прецизноста и брзината во свирењето и затоа беше омилен меѓу колегите.

„Кога ќе почине некој со кој нашите животи се испреплетени на толку различни начини, останува само да се напише: Почина Милош Цајгер, нашиот брат, пријател и басист на „Генерацијата 5“. Го красеа жив дух и белградски шмек, кој успеаваше да го внесе во своето музицирање. Ќе ни недостигаш надвор од сите зборови“, се простија на официјалниот профил на Фејсбук на „Генерација 5“.

Од Цајгер се простуваат бројни пријатели на социјалните мрежи.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот