Почина 70-годишната жена која се повреди на концертот на Роби Вилијамс

Фото: Профимедиа

Жена на околу седумдесет години почина по несреќата која се случи на концерт на познатиот пејач Роби Вилијамс, кој се одржа минатата недела во Сиднеј.

Жената паднала преку шест реда седишта на стадионот Алијанц и се здобила со сериозни повреди на главата. Таа беше пренесена во блиската болница каде беше ставена во индуцирана кома, но денеска беше потврдено дека починала.

Британскиот пејач не проговори за несреќата што се случи на првата вечер од неговата австралиска „XXV“ турнеја. Инцидентот се случил по завршувањето на концертот додека навивачите го напуштале стадионот.

“Наместо да се качи по скалите, жената се обиде да ги премине редовите на седиштата. Таа изгуби рамнотежа и падна. Ова е страшен инцидент”, изјави портпаролот на стадионот.

На концертот одржан на 16 ноември присуствуваа околу 40.000 луѓе.

Страшна несреќа на концерт на Роби Вилијамс, oбожавателка се бори за живот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот