Страшна несреќа на концерт на Роби Вилијамс, oбожавателка се бори за живот

Фото: Profimedia

Британскиот пејач Роби Вилијамс синоќа одржа концерт во австралискиот град Сиднеј, во рамки на неговата концертна турнеја „XXV“.

Но, она што требаше да биде ноќ за паметење и квалитетна музика се претвори во морничава сцена. Имено, додека бројните посетители ги слушаа најголемите хитови на Вилијамс, една обожавателка се обидела да прескокне неколку редови за да биде што поблиску до поп-ѕвездата.

Според првите информации, оваа 70-годишна жена се лизнала и паднала низ шест реда седишта на стадионот Алијанц. Таа се здобила со повреди на главата и лицето за време на инцидентот и итно била пренесена во болница во критична состојба.

Во моментов, повредената обожавателка е во кома и ќе биде на интензивна нега сѐ дури не ѝ се подобри состојбата, пишува „Дејли мејл“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот