Почина 19-годишниот внук на Роберт де Ниро, веста ја потврди неговата „скршена“ мајка

Роберт де Ниро со Дрена и Леандро/ Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Голема трагедија се случи во семејството на холивудскиот актер Роберт де Ниро (79). Почина неговиот внук Леандро де Ниро Родригез (19), син на неговата најстара ќерка Дрена де Ниро (51) и уметникот Карлос Родригез, а тажната вест ја откри неговата мајка на социјалните мрежи, пишува „Дејли мејл“.

Актерката Дрена Де Ниро објави емотивна порака на Инстаграм со која ги информира своите следбеници за тажната вест.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

„Мојот убав сладок ангел. Те сакав без зборови и описи од моментот кога те почувствував во мојот стомак. Ти беше мојата радост, моето срце и сѐ што беше чисто и реално во мојот живот. Посакувам да бев со тебе во моментов. Не знам како да живеам без тебе, но ќе се обидам да продолжам да ја ширам љубовта и светлината што ме натера да ги почувствувам кога станав твоја мајка. Беше толку сакан и ценет и посакувам таа љубов да можеше да те спаси. Неописливо ми е жал. Почивај во мир и вечен рај, мило мое момче“, напишала Дрина со фотографија од нејзиниот син.

Точната причина за смртта засега е непозната бидејќи семејството на Леандро не открило никакви детали поврзани со неговата смрт.

Инаку, Дрена е најстарата од седумте деца на Де Ниро, а актерот ја доби од бракот со првата сопруга, актерката Дијана Абот.

Роберт де Ниро, Дрена и Дијана Абот/ Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Леандро, исто така, беше актер. Се појави во 2018 година со Дрена во „A Star is Born“, „Cabaret Maxime“ и  „The Collection“.

На 79 години: Роберт де Ниро стана татко на седмо дете

Роберт де Ниро е татко на шест деца: Oва се неговите важни лекции за родителство

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот