Сообраќајната несреќа во која учествувал пратеникот Сашко Јанчев ФОТО/Левица

Почина 16-годишното момче кое со мотоцикл удри во џипот на пратеникот Јанчев од Левица

Почина 16- годишното момче, кое со мотоцикл удри во џипот на пратеникот од Левица, Сашко Јанчев, објави Канал 5.

Сообраќајката се случи на 14 септември во село Марино во општина Илинден, помегу патничко возило „Хјундаи Тусон“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од С.Ј.36 години од Гевгелија и мопед управуван од 16-годишник од с.Идризово, скопско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле малолетникот и неговата 13-годишна сопатничка од населбата Илинден, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Додека, со телесни повреди се здобиле С.Ј. и неговиот сопатник Х.М.25 години од Вевчани, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Приведен пратеникот Сашко Јанчев по сообраќајна несреќа во Илинден, Левица тврди дека не бил пијан

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот