Побегнала за да избегне камшикување и затвор: „Не жалам за ништо!“

Instagram

Негзиа (29), манекенка од Иран е во бегство од иранската револуционерна гарда која ја бара уште од 2017 година поради фотографии на кои позирала полугола, односно само во долна облека.

Властите во татковината нејзиниот едиторијал го прогласиле за „непристоен и неморален“, а на згодната бринета поради кршење на строгиот исламски закон ѝ се заканува и затворска казна.

View this post on Instagram

?

A post shared by Supergirl (@negzzia) on

Манекенката побегнала во Турција откако фотографот со кој соработувала дел од нејзините фотографии ги предал на иранската полиција. Негзија морала да побегне од татковината бидејќи се плашела дека властите ќе ја камшикуваат и ќе ја затворат.

View this post on Instagram

Tattoos tattoos tattoos

A post shared by Supergirl (@negzzia) on

Во ноември 2018 година во Париз поднела барање за азил и се надева дека ќе остане во Франција и таму ќе гради манекенска кариера.

„Не жалам за ништо. Горда сум што ги прекршив правилата на оние кои ни малку не ги почитуваат жените“, изјавила Негзија.

View this post on Instagram

Blue

A post shared by Supergirl (@negzzia) on

Но Иранката во француската престолнина се нашла во големи проблеми. И било тешко да дојде до работа во градот во кој никого не познава. Кога останала и без оние малку заштедени пари, останала на улица, а некое време морала да спие на клупа во парковите.

„Морав да продадам торба со фустани за десет евра. Очајнички ми беа потребни пари за да си купам храна“, рекла Негзија за Daily Mail.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот