По рецептот на нашите баби: Кифлички со џем што нè враќаат во детството

Фото: Профимедиа

Ако сакате на вашето семејство или на драгите гости да им подготвите печиво што одлично оди со чај, кафе или топло млеко – меките слатки кифлички се одличен избор.

Мирисот на штотуку испечени кифлички секогаш буди убави спомени во нас. Меки однатре, малку крцкави однадвор. Уживање за непцето!

Состојки:

  • 100 мл вода
  • 300 мл млеко
  • 20 г квасец
  • 1 лажичка шеќер
  • 2 јајца + жолчки
  • малку сол
  • 30 мл масло
  • кора од лимон
  • 800 г брашно
  • џем по желба

Подготовка:

Издробете го квасецот, па додајте млака вода и шеќер. Кога ќе нарасне квасецот, додајте ги јајцата, млакото млеко, маслото, кората од лимон, брашното, солта и замесете убаво мазно тесто.

Покријте и оставете да отстои 30 минути. Протресете го на масата, па исечете 100 грама за поголеми и 50 грама за помали кифли.

Секое парче обработете го со рака и покријте го со фолија и крпа да отстои 10 минути.

Со сукало расукајте го по должина и ширина и премачкајте со џем.

Редете ги во подмачкана тава. Покријте ги да нараснат околу 15 минути, па премачкајте ги со жолчка.

Кифличките печете ги на 210 степени околу 30 минути, а потоа покријте ги со крпа за да се зачува мекоста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот