По примерот на Кина и Јужна Кореја воведени мерки за дезинфекција на улици ширум Франција

Откако, повеќе француски општини започнаа да ги дезинфицираат улиците, практика позајмена од Кина или Јужна Кореја, Високиот совет за јавно здравје, по барање на Владата, треба да даде свое мислење дали ова е корисно или не, јави дописникот на МИА.

Во последниве денови, неколку градови во Франција, како што се Ница, Кан, Монтабан, Сен-Флорент на Корзика, па дури и Суреснес, во Ил де Франс, воведоа мерки за дезинфекција на нивните улици.

Општината Ментон, во Поморските Алпи , на својот Твитер профил соопшти дека „општинските служби интервенираат на сите градски улици и на урбаниот мебел за да ги дезинфицираат, , како дел од планот за борба против епидемијата на коронавирус “.

Во Париз, кандидатот за градоначалник Рашида Дати (Републиканци) и градоначалник на 7-от арондисман исто така побара од градот да не се „лиши од мерка на здрав разум”. Тимот на градоначалникот Ан Идалго (Социјалист), од своја страна чека „научно мислење”,и посочува „на воздржаноста од страна на научниците” за оваа мерка.

Градоначалниците кои го практикуваат ова чистење на јавни места го зедоа примерот на неколку кинески градови, како Вухан, лулка на пандемијата со коронавирусот, чии слики на чистење го обиколија светот. Во Јужна Кореја, армијата беше таа која беше испратена да ја изврши оваа задача.

Во Франција, користените производи за миење на улиците се со различни природи (средства за дезинфекција, бактерициди и фунгициди) и најчесто се базираат на хлор разреден во вода. Во Кина, се користеа средства за дезинфекција од домаќинства од ист тип, но сите не се идентификувани.

Според д-р Даниел Хаболд, директор на регионалната агенцијата за здравство во Нов Аквитен смета дека „масовното” чистење на улиците, што е неопходно и во нормални времиња, мора да продолжи, како што е случајот денес во Бордо. Но, тој не треба да се потпира на производи од типот на хлор, за кои не се покажало дека се корисни на јавни места.

-Чистењето веќе го прават супермаркетите преку чистење на галериите, количките и извесен број на нешта. Потоа, да се оди дотаму да се чисти паркингот, тука не издавам медицинско мислење за да го аргументирам неговиот интерес. Повеќе би сакал да ги разделуваме луѓето отколку да чистам, вели д-р Хаболд.

Тој додава дека забраната за плукање на земја, воспоставена во 1942 година под режимот Виши и сè уште е во сила денес, таа беше изречена за да се избегне пренесување на болести како туберкулозата … Без да биде докажана ефикасност на мерката до денес.

-Користењето на производи како што е хлорот или други средства чистење на улиците или пред продавниците кога не е корисно, тоа е токсично пред сè друго за околината, а исто така и за луѓето кои ги вдишуваат овие производи, вели префектот од Бордо, Фабиен Букио.

Министерството за здравство и  другите министерства  „силно ги обесхрабруваат градоначалниците да користат ваков вид на средства”. На 26 март владата побара од  Високиот совет за јавно здравје,  да даде свое мислење, кое се очекува во наредните денови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот