По „пеколот“ со псоријазата, Ким Кардашијан се бори со уште една кожна болест

ким кардашијан
Ким Кардашијан / Фото: Принтскрин Инстаграм/Јутју

Ким Кардашијан ги „одведе“ своите обожаватели на преглед кај нејзиниот лекар со кој разговараше за лекувањето на нејзиното ново нарушување на кожата, дисхромијата, кое го добила по долга борба со псоријазата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian West (@kimkardashian)

Имено, 41-годишната Ким со текот на годините честопати отворено зборува за проблемите со кожата, а сега преку инстаграм-стори го сподели разговорот со лекарот за нарушувањето кое доведува до промена на бојата на кожата или ноктите.

„Ова нарушување се нарекува дисхромија. Кога некој често се шминка професионално, се изложува на сонце и патува како вас, сонцето заедно со шминката што ги покрива порите може да предизвикаат регенерација на кожата. Кожата ни се менува и така може да добиете дисхромија“, објасни лекарот.

ким кардашијан
Ким и нејзиниот лекар / Фото: Принтскрин/Instagram

„Различни пигменти. Ќе направиме план за лекување, чекор по чекор, полека да го изедначиме целиот тон“, објасни лекарот, додека Ким не можеше да го сокрие ентузијазмот дека нејзиниот проблем овојпат има „решение“. „Подготвени сме. Одиме!“, возбудено извика Ким.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian West (@kimkardashian)

Да потсетиме, Ким долги години е многу отворена со нејзината армија обожаватели за проблемите со кожата. Таа на самиот почеток на шоуто „Keeping Up With the Kardashians“ откри дека ѝ е дијагностицирана псоријаза.

ким кардашијан
Ким Кардашијан / Фото: Принтскрин/Јутјуб

Првиот „напад“ на псоријаза го доживеала на 25-годишна возраст. Тогаш ѝ помогнала инекција со кортизон, но подоцна болеста се вратила па затоа мора да ја контролира со веганска исхрана и вежбање.

Видеото можете да го видите на следниот линк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот