По пченицата и оризот, стана светски проблем

Индија одлучи да воведе забрана за извоз на значителен дел од својот најважен извозен производ – белиот ориз. Како резултат на тоа, испораките на оваа житарка на светскиот пазар ќе бидат речиси преполовени.

Станува збор за големи количини бидејќи таа земја како најголем извозник покрива околу 40 проценти од светскиот пазар. Според Ројтерс, оваа одлука автоматски донесе страв од натамошна нестабилност на светскиот пазар на храна. Особено затоа што тоа доаѓа во време кога ситуацијата на пазарите со храна повторно се вжештува откако Русија одлучи да се повлече од Црноморскиот договор за жито.

Во медиумите веќе почнаа шпекулациите дека и некои други земји би можеле да почнат да ја креваат извозната рампа. Властите во Делхи, сепак, рекоа дека ја воведуваат забраната поради зголемените малопродажни цени на оризот. Тие се зголемија за три отсто за еден месец бидејќи доцните, но обилни монсунски дождови предизвикаа голема штета на посевите. За една година оризот поскапе за 11,5 отсто, а надлежните забележуваат дека сакаат само да го заштитат домашниот пазар од натамошни диви поскапувања.

Најголемото локално здружение на производители тврди дека Индија ќе го наруши светскиот пазар на ориз со многу побрзо темпо отколку што тоа го направи војната во Украина на пазарот на пченица, пренесува Танјуг. Не е невозможно ако знаете дека оризот е основна храна за повеќе од три милијарди луѓе во светот.

Дали оваа одлука на Индија може да доведе до верижно подигање на рампи за извоз на жито и храна, како што се случи минатата година веднаш по почетокот на конфликтот во Украина? Зоран Рајиќ, професор на Земјоделскиот факултет во Белград, вели дека тоа е можно, но на краток рок, додека не стивнат страстите и не се отстрани стравот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот