По обвиненијата за сексуално вознемирување: Лизо нема да настапи на „Супербол“ следната година

Лизо / Фото: EPA-EFE/Peter Foley

Името на американската раперка Лизо веќе не е меѓу оние кои, можеби, ќе ја забавуваат многубројната публика за време на полувремето на „Супербол“ следната година, дознава „Дејли мејл“.

Причината за оваа одлука на организаторите на „Супербол“ се, секако, неодамнешните тврдења од страна на поранешни танчарки на Лизо, кои ја обвинија американската раперка за „сексуално вознемирување и создавање непријателско работно окружување“.

„Преговорите со Лизо, за таа да настапи на полувремето на ‘Супербол’ или да ја изведе националната химна, се ‘мртви’ откако таа се најде среде овој сканал“, изјави извор од Националната фудбалска лига (НФЛ) во САД.

Лизо / Фото: EPA-EFE/Helle Arensbak DENMARK OUT

На почетокот од овој месец, Лизо се најде среде голем скандал, кога нејзините поранешни танчарки Кристал Вилијамс, Ноем Родригез и Аријана Дејвис поднесоа тужба против неа. Тие тврдат дека Лизо, меѓу другото, извршила притисок врз една од нив да допира и да танцува со гол изведувач во клуб во Амстердам.

Исто така, во тужбата се наведува дека Лизо, која е позната по тоа што се залага за прифаќање на различностите кога станува збор за физичкиот изглед, ја искритикувала Дејвис за нејзината телесна тежина.

Танчарките на Лизо – Кристал Вилијамс, Аријана Дејвис и Ноел Родригез / Фото: Инстаграм

Добро упатени извори тврдат дека менаџерскиот тим на Лизо прави сѐ за да ја спаси кариерата на раперката.

„Тоа станува сѐ потешко, бидејќи сѐ повеќе луѓе ја обвинуваат за екстремно несоодветни дејствија“, вели извор за „Дејли мејл“.

Танчарки ја тужат Лизо за сексуално вознемирување, едната од нив ја нарекла „дебела“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот